Со резултат од 27 наспрема 25, македонскта ракометна репрезентација успеа да ја совлада репрезентацијата на Чешка и да го обезбеди своето осмо учество на Светското првенство

Македонската машка сениорска ракометна репрезентација го обезбеди своето осмо учество на Светското првенство, откако вечерва во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје ја совлада репрезентацијата на Чешка со 27:25.
За потсетување, на првиот меч одигран пред четири дена во Злин, резултатот беше нерешен 24:24.
Денешниот меч ќе остане запишан во историјата на македонскиот ракомет и по завршувањето на репрезентативната кариера на Филип Миркуловски, додека Лазаров за кога имаше таква најава, останува уште некој период активен репрезентативец.
Бодрени од околу 7 000 навивачи, „црвено-жолтите“ ја исполнија целта за континуирано учество на големите натпреварувања.