Честитајќи им го Светскиот ден на книгата и на авторското право на сите пистели, издавачи, публицисти, книжевни критичари и творци, министерката Костадиновска-Стојчевска вели дека Министерството за култура ќе продолжи да ги поддржува и дека ќе настојува таа поддрша да се зголемува од година во година
Кога ја славиме книгата и значењето на авторското право, ставаме акцент на македонската, но и на светската литература, на потребата и значењето да читаме и да пишуваме на својот јазик, да ги преведуваме нашите дела на јазиците на светот. Тоа води кон поголема свесност за културниот и националниот идентитет и зајакнување на културните вредности, правејќи нѐ поконкуретни во глобалниот свет, пишува министерката за култура Бисера Костадиносвка-Стојчевска во честитката по повод 23 aприл – Светскиот ден на книгата и на авторското право.

Во честитката таа го препорачува научниот труд „Македонски визуелен идентитет: дизајнот како можност за еволуција на традициите од визуелното културно наследство“ на Гордана Вренцоска, велејќи дека во него се истражува македонската визуелна „генетика“ и културните традиции и е доказ оти пишаниот збор е сила за реализација на многу идеали.
„Во овој жив процес, остануваме доследни на почитување на мајчиниот јазик, со почит кон различностите и продолжуваме со промоција на дела од македонската култура како и културата на сите јазици следејќи ја глобалната тенденција – литературата и културата да станат зедничко светско јавно добро.
вели Костадиновска-Стојчевска.
Честитајќи им го Светскиот ден на книгата и на авторското право на сите пистели, издавачи, публицисти, книжевни критичари и творци, Костадиновска-Стојчевска вели дека Министерството за култура ќе продолжи да ги поддржува и дека ќе настојува таа поддрша да се зголемува од година вo година.