Од Македонскиот олимписки комитет (МОК) посочуваат дека Нуров во овој момент е еден од тројцата најдобри борачи во светот, а со сигурност ќе атакува на медал на Олимписките игри во Париз 2024 година
Македонскиот борач Магомедгаџи Нуров го освои златниот медал на Медитеранските игри во Оран, Алжир. Тој вечерва по голема борба го победи Фејзулах Актурк од Турција со резултат од 4:3.
Извонредниот Нуров иако губеше со 3:0, со два слични зафати направи резултатски пресврт. Најпрво намали на 3:2, а потоа, на две секунди пред крајот успеа да ја обезбеди победата и златниот медал.
Неколку часа претходно, бронзен медал освои и македонскиот борач Владимир Егоров.
Од Македонскиот олимписки комитет (МОК) посочуваат дека Нуров, кој е стипендист на МОК и кој освои бронзен медал на Светското првенство во Нур-Султан (Казахстан) во 2019 година, во овој момент е еден од тројцата најдобри борачи во светот, а со сигурност ќе атакува на медал на Олимписките игри во Париз 2024 година.