Според српските медиуми, 60-годишникот се упатил до контролната кабина на граничниот премин кога наеднаш паднал во бессознание. Подоцна, судски лекар констатирал смрт
Шеесетгодишен македонски државјанин починал од срцев удар на граничниот премин со Србија, „Прешево“ додека излегувал од земјата, објави Новости.рс повикувајќи се на информациите од српското Вишо јавно обвинителство.
Медиумот пишува дека 60-годишникот се упатил до контролната кабина на граничниот премин кога наеднаш паднал во бессознание.
Подоцна, судски лекар ја констатирал смртта и потврдил оти мажот починал од срцев удар.
Новости.рс пишуваат дека е утврдено оти се работи за ненадејна смрт.