Автобуската несреќа во Бугарија се случи точно пред една година кога автобус „Беса транс“ се враќаше од Истанбул кон Скопје

Амбасадорката на Северна Македонија во Бугарија, Агнеса Руси-Поповска, им оддаде почит на 45. загинати македонски државјани кои настрадаа во автобуската несреќа на автопатот „Струма“ пред точно една година.
Придружувана од заменик-амбасадорот Владимир Крстевски и други претставници на Амбасадата во Бугарија, Руси-Поповска положи букет на местото на несреќата.
Сите бугарски централни и регионални медиуми денеска со посебни прилози потсетуваат на овој трагичен настан, а во некои има и изјави на роднините на загинатите, кои го поставуваат прашањето за одговорноста.
Автобуската несреќа во Бугарија се случи точно пред една година кога автобус „Беса транс“ се враќаше од Истанбул кон Скопје.