На стартот на второто полувреме, Џек Грелиш погоди за 1:1, но голот беше поништен од ВАР поради офсајд. Во 59-тата минута гостите го израмнија резултатот со автоголот на Јани Атанасов, кој случајно ја удри топката со рамо и таа заврши во голот на Столе Димитриевски
Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешен резултат 1:1 против Англија за крај на квалификациите за Европското првенство во 2024 година.
Англиската репрезентација вечерашниот меч го почна со силен притисок уште од самиот почеток, а првата шанса за гол во 14. минута ја имашеа Деклан Рајс кој погоди статива со шут од околу 20 метри.
Македонија поведе по пеналот што го изнуди Миовски. Ударот од белата точка го изведе Барди во 43. минута. Англискиот голман Пикфорд го одбрани, но одбиената топка се врати кај капитенот на македонската репрезенатција, кој не пропушти да ја реализира втората шанса.
На стартот на второто полувреме, Џек Грелиш погоди за 1:1, но голот беше поништен од ВАР поради офсајд. Во 59-тата минута гостите го израмнија резултатот со автоголот на Јани Атанасов, кој случајно ја удри топката со рамо и таа заврши во голот на Столе Димитриевски.
Македонија на крајот од овие квалификации останува на четврата позиција со осум бода, додека Англија е прва со само две ремија во текот на целиот циклус. Од нашата група Ц и Италија обезбеди пласман на Европското првенство откако ремизираше без голови на гостувањето кај Украина.