46-годишната жена со иницијали М.М е писмено предупредена и известен е јавен обвинител, информира МВР

Министерството за внатрешни работи денеска објави дополнета и исправена верзија за настанот со пријава за сомнение за киднапирање дете вчера во парк во населбата Ѓорче Петров.
„Вчера околу 14 часот А.Б. (40) од Скопје пријавила во ПС Ѓорче Петров дека во паркот во Ѓорче Петров зад Општината додека била со нејзините две деца, М.М (46) од Скопје, која била со своето дете, викнала едно од децата на А.Б да седи со нејзиното дете и им дала да јадат. Потоа М.М со детето на А.Б тргнала накај пазарот, по што А.Б. истрчала по нив и си го зела детето“,
се вели во Билтенот на полицијата.
Со осомничената бил извршен службен разговор во ПС Ѓорче Петров и посочила дека сакала да го однесе детето кај своите деца додека да го најде родителот.
М.М е писмено предупредена и известен е јавен обвинител, информира МВР.
