По деношното сведочење на обвинителката Лиле Стефанова, од владејачкиот СДСМ излегоа со реакција алудирајјќи дека во случајот „Рекет“ всушност станува збор за поткуп.

„Денешните случувања околу предметот во јавноста познат како ‘Рекет’ се повеќе го одмотуваат клопчето на вистината. Денешните случувања се најдобар доказ дека се работи за индиции за кривично дело поткуп. Дека предметот ‘Империја’ свесно се урнисувал преку давање поткуп на обвинители“,
изјави пратеникот Хари Локвенец.
Со ваквата изјава тој алудира на делот од сведочењето на Стефанова каде таа раскажуваше дека кога го повикала Орце Камчев во просториите на СЈО, во еден момент, кога стручниот соработник го носел неговиот адвокат во собата за распит, бизнисменот од џебот извадил лист хартија на чиј врв било логото на „Систина“. На листот имало текст на македонски, но и порака на латиница.

„Камчев ми рече прочитај го латиничниот текст, тој текст ми е напишан од Наташа Савова“,
рече Стефанова.
На листот, според нејзиното кажување, пишувало дека за него и за Сашо Мијалков, во пакет, ќе се преземат определени мерки за да излезе од притвор за кои ќе се погрижи Наташа Савова.
*Поврзани вести:
Стефанова: Јанева бараше да се затворат истрагите за „Империја“ и „Поштенска банка“