Со издвојување на геномот на лилјаците, научниците дошле до заклучок дека ова животно има специфичен имунолошки систем и дека е отпорно на коронавирусот, вели професорката на Универзитетот во Даблин, Ема Тилинг.
Таа го има отпочнато проектот Bat1K. Целта и била да се декодираат геномите на секој од 1 421 вид лилјаци.
Според неа, ако научниците успеат да пронајдат начин кој би го имитирал имунолошкиот систем на лилјаците, можеби и лекот против коронавирусот би можел да се најде во природата.
„Сето ова, можеби ќе им укажа научниците, кои чекори да ги преземат за да дојдат до лекот против ковид-19. До лекување на болеста кај луѓето ќе дојде кога ќе се утврди како еволуирал геномот на лилјаците“,
изјавила Тилинг за Би-би–си.