Шефицата на кабинет на Катица Јанева, Сања Димовска, водителката Лила Стојановска, како и Мери Дика Ѓорѓиеска и уште двајца други се сведоците кои денеска се поканети да сведочат во судница за случајот „Рекет“.
Тие се сведоци на предлог на обвинителството кои во случајот ги гони поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за злоупотреба на службената положба и овластувања и Бојан Јовановски-Боки 13 за перење пари и примање награда за противзаконито влијание.
Претходно оваа недела во судница сведочеа обвинителите од СЈО, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми. Покрај нив, на минатите рочишта сведочење и Елизабета Јосифоска, која беше заменичка на Јанева.
Јосифоска и Стефанова во своите сведочење ја споменуваа Димовска во делот за времениот пасош на Орце Камчев, односно посочуваа дека таа ја пренела наредбата од Јанева да се даде позитивно мислење за бизнисменот да добие патна исправа. Водителката Стојановска, пак, важи за блиска пријателка на Боки 13 и таа беше со него на пат кон Грција дента на 15 јули 2019 кога Јовановски беше уапсен.
Денешното рочиште ќе биде деветто по ред. Што се случуваше на претходните осум можете да прочитате во сумираните извештаи на „360 степени“:
Судење за „Рекет“ – чин втори (ВИДЕО)
Судење за „Рекет“: „Обвинителот Боки“ и „госпоѓата Јанева“ низ сведочењето на Камчева
Судење за „Рекет“ – „Поштенска банка“ влезе во записниците
Судење за „Рекет“ – „Прокуристот“ Боки 13 во улога на уредник и домаќин на политичари
Рустеми за „Поштенска банка“: Апсурдно беше да се затвори предметот со спогодба