Пред почетокот на средбата, во куса изјава за медиумите Арбен Таравари од Алијанса за Албанците рече дека се работи за редовен состанок. На прашањето дали останува во коалицијата, тој рече: „Па се надевам, заедно сме.“
Лидерите на владејачката коалиција ВЛЕН на партиите на Албанците вечерва одржуваат состанок во Скопје.

На средбата се очекува да стане збор за состојбата во коалицијата и за претстојните локални избори. Присутни се лидерите на четирите партии кои се дел од коалицијата – Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, Изет Меџити од Демократското движење, Билал Касами од Беса и Зеќирија Ибраими од Алтернатива.
Пред почетокот на средбата, во куса изјава за медиумите Таравари рече дека се работи за редовен состанок. На прашањето дали останува во коалицијата, тој рече:
„Па се надевам, заедно сме.“
На прашањето дали Таравари останува во ВЛЕН или ќе ја напушти коалицијата, лидерот на Демократско движење, Изет Меџити, рече: „Тоа треба да го прашате Таравари”. Лидерот на Беса, Билал Касами, не даде изјава пред состанокот, а претседателот на Алтернатива, Зеќирија Ибраими, рече дека се работи за координативен состанок.
Односите меѓу Арбен Таравари и лидерите на другите партии од ВЛЕН во изминатиот период се заострени, а главна точка на конфликт е заедничкиот настап на претстојните локални избори и обединувањето на коалицијата во една партија. Таравари, во настап во емисијата „360 степени“, јавно го критикуваше функционирањето на коалицијата и нивната ефикасност во Владата.