Според партијата, претседателскиот кандидат предложен од Левица ќе биде, како што велат, единствениот разумен избор во клучниот момент за државата
Откако преку промотивно видео најави дека ќе има свој кандидат на претстојните претседателски избори, опозициската Левица по синоќешната седница на Централниот комитет на партијата соопшти дека името на претседателскиот кандидат ќе биде објавено на прес-конференција в среда, 7 февруари.
„Низ опсежна дискусија за конечните стратегии за следниот период, со висок степен на мотивација и спремност на структурата и политичката платформа, се завршија и подготовките за претседателските и парламентарни избори, во кои ќе продолжи тенденцијата на најбрз раст на Левица на македонската политичка сцена“,
пишува во фејсбук-објавата на Левица по вчерашното заседание на ЦК на партијата.
Според партијата, претседателскиот кандидат предложен од Левица ќе биде, како што велат, единствениот разумен избор во клучниот момент за државата.