Советничката група на Левица во Советот на Општина Центар бара дополнување на дневниот ред за денешната седница со две точки кои се однесуваат на најавените многукатници на плацовите спроти „Холидеј ин“.
Советниците на Левица бараат распишување на дополнителен референдум за изјаснување на граѓаните дали се за суспензија на деталниот урбанистички план Ц08, односно ДУП кој ги опфаќа парцелите наспроти „Холидеј ин“. Второ барање им е службите на Општина Центар да отпочнат истрага за законитоста за оттуѓување на градежно земјиште на деталниот урбанистички план.
„Поради фактот дека, декларативно, сите советнички групи кои се дел од Советот до сега даваа поддршка на оваа иницијатива, очекуваме без никаков проблем Советот да ги усвои овие точки на дневниот ред и да ги поддржи“,
кажа советничката на Левица, Марија Среброва.

Советникот Игор Димески од Левица вели дека со дополнителниот референдум, граѓаните може да спречат изградба на зградите за кои се уште не се платени комуналии во општината.
Седницата на Советот на Општина Центар треба да почне во секој момент.