Во разговор со „Сакам да кажам“ (СДК), членови на Советот велат дека возраста е таа што вчера не само на Ленче Ристоска туку и на другите млади обвинители со добри достигнувања им се испречила на патот за унапредување. Но, во споредба со избраните кандидати, Ристоска е меѓу помладите, но не е и најмлада
Ако се погледне Законот за јавното обвинителство, ниту во општите ниту во посебните услови не пишува дека возраста игра улога при избор на јавен обвинители, освен условот за деловна способност (наполнети 18 години). Кога е во прашање изборот за виш јавен обвинител, посебен услов е стаж од најмалку шест години работа како обвинител. За повеќе години стаж, нема одредба дека носи повеќе поени
Без дискусија и јавно образложение на седницата, со читање на фактографија какво било движењето во кариерите и гласање „за“, „против“ и неколку „воздржани“, вчера членовите на Советот на јавни обвинители избраа 5 обвинители во Вишото јавно обвинителство-Скопје.
Фатиме Фетаи, Бурим Рустеми, Наум Паноски, Сашо Рајчев и Снежана Бундалевска-Георгиевска беа унапредени во виши јавни обвинители.
Во трка за петте места беа вкупно 32 кандидати од основните и од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а од кандидатите најмногу внимание и реакции во јавноста привлече обвинителката Ленче Ристоска.
Таа не ја доби поддршката од членовите на Советот на јавни обвинители, односно „против“ гласаа седум члена на Советот, додека поддршка дадоа само четворица.
Образложението што денеска излезе во јавноста, пак, е дека таа е премлада. Во разговор со „Сакам да кажам“ (СДК), членови на Советот велат дека Ленче Ристоска е добар обвинител, но млада за во Вишото јавно обвинителство и возраста е таа што вчера не само неа туку и на другите млади обвинители со добри достигнувања им се испречи на патот за унапредување.
Од Советот, за „Сакам да кажам“, дури и препорачуваат каде требала да конкурира обвинителката која го истурка најважниот предмет на СЈО, „Таргет-Тврдина“, до првостепена пресуда.
„Во Советот велат дека иако е недозволиво да му се кажува на обвинител каде да конкурира и во краен случај е забрането, сепак, секој член посакува докажаните млади обвинители да ги види првин во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, каде што е работата и најтешка. Соговорниците забележуваат што Ристоска таму не конкурирала“,
пишува СДК.
Стажот пред поените?
Во споредба со избраните кандидати, Ристоска е меѓу помладите, но не е и најмлада. Обвинителката Фатиме Фетаи е помлада од неа, родена е во 1985 година и месецов го прослави 36. роденден. Обвинителката Ристоска, пак, е родена 1983 година.

Кога станува збор за обвинителскиот стаж, тој е во „корист“ на Фетаи за нешто помалку од две години. Како што вчера беше прочитано на седницата на Советот на јавни обвинители, Фетаи е избрана за обвинителка во 2011 и има стаж од 8 години и 8 месеци (до моментот на распишување на конкурсот), а Ристоска во 2013 и нејзиниот обвинителски стаж изнесува 6 години и 10 месеци (до моментот на распишување на конкурсот). Двете беа оценети со максимални 25 поени.
Ако се погледне Законот за јавното обвинителство, никаде не пишува дека возраста игра улога во избор на јавните обвинители. Кога е во прашање изборот за виш јавен обвинител, фактор е стажот. Се бара минимум шест години непрекината работа како обвинител. За повеќе години стаж, нема одредба дека носи повеќе поени.
„За јавен обвинител во вишо јавно обвинителство може да биде избрано лице кое има
се вели во член 62 од Законот за јавно обвинителство.
непрекинат работен стаж како јавен обвинител од најмалку шест години до моментот на
пријавување за именување и кој е оценет со позитивна оценка во последните четири
години“,

Кога се во прашање другите обвинители што беа унапредени во виши, уште еден кандидат, кој е близу до возраста на Фетаи и Ристоска, е Бурим Рустеми кој им беше колега во СЈО. Тој е роден во 1980, а обвинителскиот стаж му е 11 години. Бил избран во 2009 како обвинител во ОЈО Куманово. Од 2015 до 2019 е дел од СЈО, по што се врати назад во кумановското. Неговата оценка беше 23 поени.
Исто толку поени имаше и Наум Паноски, кој беше унапреден во Вишото јавно обвинителство. Тој досега работеше во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција со кое раководи Вилма Русковска. Паноски има стаж од 17 години и 5 месеци. Бил избран во 2003 како обвинител во ОЈО Охрид. Таму останал 10 години, а од 2013 е дел од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција.
Другите двајца обвинители, Сашо Рајчев и Снежана Бундалевска-Георгиевска, во Вишото се селат од ОЈО Скопје. Рајчев има стаж како обвинител од 2006 година. Од тогаш тој е дел од ОЈО Скопје, а од 2017 е и шеф на ова обвинителство. Бундалевска-Георгиевска, пак, од 2003, па се до денес е дел од скопското обвинителство. И таа и Рајчев имаа оценки од 24,5 поени.
Ристоска не го криеше разочарувањето
Во изјава за „360 степени“, обвинителката Ленче Ристоска вчера не го криеше своето разочарување од одлуката на Советот на јавни обвинители. Посакува барем да имало образложение зошто членовите на Советот гласале така како што гласале.
„Јас сум разочарана од одлуката на Советот. Навистина не знам зошто, и покрај демонстрираниот професионализам и интегритет, работата на случаи како ‘Таргет-Тврдина’, ‘Талир 1’ и ‘Талир 2’ и, паралелно, со тоа работа во ‘Еуроџаст’, за која сум пофалена од самата институција, јас не заслужувам унапредување. Ќе беше убаво да ги слушневме и причините и размислувањата на членовите на Советот, а не само нивната конечна одлука“,
изјави вчера Ленче Ристоска за „360 степени“.
Нејзината апликација ја поддржаа: Ацо Колески, Фиданка Рајевска, Антонио Јолевски и Љупчо Ивановски. Таа немаше ниту еден глас „за“ од членовите Албанци на Советот. Меѓу нив, „не“ кажа и Иџет Мемети, довчерашниот народен правобранител. Меѓу тие што гласаа против се тројца од вкупно четворицата политички именувани членови на Советот на јавни обвинители, кои ги избира Собранието. Со исклучок на актуелниот претседател на Советот, Ацо Колевски, против апликацијата на Ристоска гласаа сите членови на Советот што имаат или имале функција во јавното обвинителство или Советот на јавни обвинители од доаѓањето на власт на коалицијата СДСМ-ДУИ.
Претседателот на Советот, Ацо Колески, вчера јавно во изјава тврдеше дека немало политички притисок, барем не врз него лично. Никој од членовите, рече тој, не кажал дека му било вршено влијание, евентуално од политички партии.