Пријави денеска имаше во 23 средни и 22 основни школи во главниот град
Лажни се денешните дојави за бомби кои пристигнале на електронските адреси на 45 училишта во Скопје, информираше МВР попладнево.
„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“,
велат од МВР.
Првичната информација беше дека закани имало за 39 школи, но во текот на денот бројот на школи каде пристигнале дојави се искачи на 45 – 23 средни и 22 основни училишта во Скопје.