Портпаролот на СВР Охрид не сподели повеќе детали околу дојавите, освен дека се работи за едно училиште и за една фабричка хала
Неколку деловни објекти во индустриската зона во Охрид, едно училиште, еден хотел и такси-компанија утринава добиле лажни дојави за поставени бомби, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Вработените од индустриската зона биле евакуирани, но по проверките повторно се вратиле на работните позиции. Според информации на МИА, дојава за поставена бомба била испратена до основното општинско училиште „Братство единство“ во Охрид, но по направените проверки учениците се вратиле на настава.
„Припадници на Единицата за антитероризам при МВР презедоа мерки и извршија детални проверки на локациите, по што е констатирано дека се работи за лажни пријави. СВР Охрид, во координација со јавен обвинител, по целосно расчистување на настаните, ќе поднесе соодветни пријави“,
информираат од СВР Охрид.