Реакцијата на претседателот на Македонскиот центар за литература Владимир Јанковски следува откако претходно денеска до медиумите стигна писмено соопштение во кое беше наведено дека се формира нова македонска писателска асоцијација под ова име. Соопштението до медиумите стигна од електронска адреса на извесно „Информа плус здружение“
Испраќачот на лажниот имејл го поврза формирањето на Македонскиот центар за литература со случувањата во Друштвото на писатели на Македонија. Претседателот на здружението демантира дека постои каква било поврзаност
Лажна е веста дека е формирана нова асоцијација на писатели – Македонски центар за литература. Македонскиот центар за литература е здружение на граѓани, а не асоцијација, пишува во објава на Фејсбук, Владимир Јанковски – писател и претседател на истоименото здружение, кој демантира дека е формирана ваква асоцијација.

Неговата реакција следува откако претходно денеска до медиумите стигна писмено соопштение во кое беше наведено дека се формира нова македонска писателска асоцијација под ова име. Соопштението до медиумите стигна од електронска адреса на извесно „Информа плус здружение“.
„Ве известуваме дека веста дека е формирана нова писателска асоцијација – Македонски центар за литература е лажна вест. Македонски центар за литература е здружение на граѓани. Ве информираме дека ова не е официјално соопштение на Македонскиот центар за литература.
пишува Владимир Јанковски во објавата на Фејсбук.
Во реакцијата, Јанковски додава оти активностите на Македонскиот центар за литература не се поврзани со Друштвото на писателите на Македонија и „многубројните турбуленции во ДПМ“, нешто што, како што вели, се наведува во лажното соопштение.
„Едноставно, некој направил лажна адреса на ‘Џимејл’ и од неа пратил соопштение кое е лажно и кое нема врска со целите и активностите на Македонскиот центар за литература, ниту за контекстот во кој е формиран. Ве молиме да ја имате предвид оваа информација“,
додава Јанковски во реакцијата.
Демантот дека е формирана нова писателска асоцијација со ова име е објавена и на официјалниот фејсбук-профил на Македонскиот центар за литература.