Специјалниот преставник на ЕУ за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, на својот Твитер напиша дека денешната средба на ниво на експерти е многу важен чекор кон сеопфатен договор што ги нормализира односите меѓу Приштина и Белград.
„Денешната средба Белград – Приштина на ниво на експерти беше уште еден важен чекор во процесот кон постигнување на сеопфатен и правно обврзувачки договор за нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Нашата работа ќе продолжи на крајот на август“,
напиша Лајчак
Ова беше втора средба во рок од една недела на експертско ниво меѓу Косово и Србија, со посредство на претставникот на Европската унија за овој процес, Мирослав Лајчак. Косово во овој дијалог го претставува Скендер Хисени, додека Србија со директорот на Кабинетот за Косово во Владата на Србија, Марко Ѓуриќ. На денешната агендата на разговорите беа раселени лица и економски прашања.