Во Република Косово пред повеќе од една деценија имаше апсолутен недостаток на транспарентност и имаше надуени цени кои беа многу повисоки од цените на пазарот, вели премиерот на Косово, Албин Курти, во интервју за „360 степени“ на ТВ Алсат, како одговор на прашањето за искуството со конзорциумот „Бехтел и Енка“ кој градеше автопати во Косово, а сега во Македонија ќе работи на дел од патните коридори 8 и 10-д
Демократијата подразбира целосна транспарентност и детален надзор. Ова во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат го рече косовскиот премиер Албин Курти прашан што мисли за обвинувања за криминални и корупциски дејствија при процесот за избор на надзор над изградбата на коридорите 8 и 10-д што треба да ги прави конзорциумот „Бехтел и Енка“ – истиот што градеше автопати во Косово.

„Јас не можам да го знам тоа, бидејќи за тоа е потребна конкретна анализа на конкретните договори. Во Република Косово пред повеќе од една деценија имаше апсолутен недостаток на транспарентност и имаше надуени цени кои беа многу повисоки од цените на пазарот. Јас не знам каква е сега ситуацијата во Северна Македонија, но демократијата подразбира целосна транспарентност и подразбира детален надзор. Со ова се грижиме државниот буџет, кој всушност е буџет на граѓаните како даночни обврзници, да не биде оштетен, и напротив, се грижиме тој максимално да се користи во полза на оние за кои постојат политичарите и владите, а тоа е народот и граѓаните на државата“,
вели Курти.
Курти смета дека Северна Македонија и Косово имаат многу добри односи. Според него, Македонија и Албанија имаат квалитетен напредок откако ги отвориле преговорите за членство во Европската Унија и откако се членки на НАТО.
„Ние сме заинтересирани во регионот на Западен Балкан да имаме што повеќе ЕУ и што повеќе НАТО. Со премиерот Ковачевски имам исклучително добри и пријателски односи. Имам директен контакт со него. Тоа беше исто претходно и со експремиерот Зоран Заев. Исто така и со претседателот Пендаровски“,
вели тој.
Косовскиот премиер рече дека според последните бројки трговските односи меѓу Косово и Македонија напредуваат.
„На пример, Косово, во споредба со 2021 г., во 2022 година има извоз од 27% повеќе стока во Северна Македонија, исто така, зголемен е и увозот од Северна Македонија. А три години претходно односот увоз-извоз меѓу Косово и Северна Македонија беше 1 спрема 5,5. Минатата година тој однос е 1 спрема 2,4. Негативниот релативен трговски биланс со Северна Македонија има голем напредок на страната на Косово, затоа што е повеќе од преполовен, а и увозот од Македонија е зголемен, како што е зголемен и извозот од Косово во Северна Македонија. Нашиот извоз во Македонија е 13% од вкупниот извоз, а увозот од Северна Македонија сочинува 5% од нашиот вкупен увоз“,
вели Курти.
Тој верува дека бизнис-заедницата во Косово и во Македонија ќе работи уште повеќе и со помош на двете влади трговската размена и заемните економски инвестиции во наредните месеци и години ќе се зголемат.
*ПОВЕЌЕ ВЕСТИ ОД ГОСТУВАЊЕТО НА КУРТИ ВО „360 СТЕПЕНИ“:
Пред утрешната средба со Вучиќ, Курти препознава симболика во Охрид и Преспа
Одам во Охрид со добра волја и верба, но не можам да гарантирам за другата страна – вели Албин Курти
Курти за ЗСО: Србија сака кафе без филџан
Дали Курти го смени партнерот меѓу партиите на Албанците во Македонија?
*ДРУГИ ПОВРЗАНИ ВЕСТИ СО УТРЕШНАТА СРЕДБА ВО ОХРИД:
(ВИДЕО) Со какви очекувања Борел отпатува за Охрид: Сите очи се вперени таму
Вучиќ во пресрет на средбата со Курти: Не планирам ништо да потпишам
(ФОТО+ВИДЕО) И Ескобар пристигна во Охрид за средбата меѓу Вучиќ и Курти
Собир на десничарите во Белград пред доаѓањето на Вучиќ во Охрид: „Не капитулирај“