Изјавите на кубанското Министерството за надворешни работи и на Амбасадата на земјата во Вашингтон следуваат откако американскиот портал „Аксиос“ во саботата објави дека островската социјалистичка држава наводно се подготвува да употреби беспилотни летала против американски цели во случај на вонредна состојба
Куба ќе го искористи своето право на самоодбрана во случај на напад од страна на Соединетите Американски Држави (САД), објави вчера кубанското Министерство за надворешни работи, пренесе германската новинска агенција ДПА.

„Антикубанската кампања насочена кон оправдување, без никаква причина, на воен напад врз Куба се интензивира секој час, со сè повеќе неубедливи обвинувања. САД се агресорот. Куба е земја под напад, која дејствува согласно принципот на самоодбрана“,
напиша на Икс заменик-министерот за надворешни работи на земјата, Карлос Фернандез де Касио.
El esfuerzo anticubano en función de justificar sin excusa alguna una agresión militar contra Cuba se intensifica por hora, con acusaciones cada vez más inverosímiles. EEUU es el país agresor. Cuba, el país agredido, amparado en el principio de legítima defensa.
— Carlos F. de Cossio (@CarlosFdeCossio) May 17, 2026
Кубанската амбасада во Вашингтон, како и Министерството за надворешни работи во Хавана, го потврдува правото на Куба на самоодбрана.
Од Амбасадата на Куба, исто така на Икс, велат дека преку изговори и лаги, „логичната подготовка“ за евентуален напад е претставена како нешто исклучително.
.@BrunoRguezP
— Cuban Embassy in US (@EmbaCubaUS) May 18, 2026
Without any legitimate excuse, the government of #USA builds, day after day, a fraudulent case to justify the ruthless economic war against the Cuban people and the eventual military aggression.
Specific media outlets play along, promoting slander and leaking… https://t.co/mmWeWPvvIp
Инаку, изјавите на кубанското Министерство за надворешни работи и Амбасадата следуваат откако американскиот портал „Аксиос“ во саботата објави дека островската социјалистичка држава наводно се подготвува да употреби беспилотни летала против американски цели во случај на вонредна состојба.
Порталот, повикувајќи се на разузнавачки извори, објави дека Куба наводно набавила повеќе од 300 воени дронови и неодамна започнала дискусија за плановите за нивно користење за напад врз американската база „Гвантанамо“ во истоимениот залив на Куба, како и врз американски воени бродови и евентуално областа Ки Вес во американската сојузна држава Флорида, која е оддалечена само околу 170 километри од Хавана.
Порталот „Аксиос“ цитираше висок американски функционер кој рекол дека разузнавачките информации би можеле да послужат како потенцијален „изговор за воена акција против САД“. Функционерот како фактор, исто така, го посочил и наводното присуство на ирански воени советници во Хавана.
Сепак, американските разузнавачки служби засега не сметаат дека Куба планира непосреден напад, туку дека станува збор за подготовки во случај на евентуален конфликт.
Односите меѓу Куба и Соединети Американски Држави се затегнати уште од Кубанската револуција во 1959 година, а за време на мандатот на Доналд Трамп дополнително се влошија по воведувањето нови санкции и економски мерки против Хавана.
