Во дебата на „360 Степени“, првиот извршен директор на МЦМС, Александар Кржаловски, зборуваше за 120-те илјади гласови помалку кои ВМРО-ДПМНЕ ги освои на локалните избори во споредба со минатогодишните парламентарни и причините за ова.
– Неколку идеи проциркулираа. Едната беше ослободување од она што беше притисок и клиентелизам. Оние што имале корист од ВМРО-ДПМНЕ, сега кога веќе не се на власт не гледаат причина да гласаат. Второ, тие што под притисок гласале, она што беше оспорувано во последните неколку изборни циклуси, дека со закани, уцени, ветувања за вработување и слично. Втора група би била таа на клиентелисти, кои под уцена и закана го давале својот глас. И третата е, колкаво е влијанието на реформистите, движењето за промени внатре во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи има гласини дека имало повик за бојкот на изборите од оваа група, а тие собраа, ако не се лажам, 60 илјади потписи за поддршка на иницијативата – рече Кржаловски.
Напишете коментар