Најмалку осум лица се убиени а повеќе од пет лица се повредени во два оружени инциденти кои се случија сношти во Ханау, град во близина на Франкфурт. Германските власти потврдуваат дека се работи за пресметка за која причините и мотивите се уште не се познати.
Локалните медиуми наведуваат дека инцидентите се случиле во два „шиша“ бара, иако според сведоци, непознато лице од автомобил пукало кон минувачи и на плоштадот во населбата Кеселштад.
Најпрво бил нападнат наргиле барот Миднајт во центарот на Ханау каде биле застрелани три лица. Извршителите потоа продолжиле кон Кеселштад и влегле во шиша барот Арена каде убиле уште пет лица.
Полицијата трага по учесниците во инцидентот. Според последните информации уапсено е едно лице за кое постои сомнеж дека е поврзано со нападите.