Полицијата приведе 51 годишен жител на Крушево откако вчера било пријавено дека едно непознато лице со закана со пиштол одзело пари од вработени во банка во Крушево.
Како што информира МВР, случајот вчера во 16:25 часот во Полициска станица Крушево го пријавил жител на градот.
За настанот е известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп.
„По наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Прилеп извршен е претрес во дом и помошни простории кои ги користи Т.С.(51) од Крушево, а Т.С. бил приведен во полициска станица во врска со случајот,
наведуваат од МВР.