Три лица од Охрид заработија кривични пријави за напад и грабеж на девојка. Како што информира портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димовски, за лицата М.Л.(25), С.К.(26) и П.Д.(26), сите од Охрид, поднесени се кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело разбојништво.
„На 18 февруари 2021 година во 00:30 часот, пријавените на улицата ‘АСНОМ’ во Охрид, со употреба на физичка сила и закана ја нападнале В.Т.(21) од Охрид по што М.Л. и го одзел мобилниот телефон а С.К. со тврд предмет ѝ го скршил задниот десен прозорец од нејзиниот патнички автомобил“,
информира Димовски.