На 21 јануари годинава вработениот во канцеларијата на УЈП во Тетово ја искористил својата положба и овластување, известувајќи менаџер во казино, со што оддавал службени информации за планираните контроли во објектот
Поднесена е кривична пријава против вработен во регионалната дирекција на Управата за јавни приходи (УЈП) во Тетово, кој известувал менаџер на казино кога ќе има контроли во објектот, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.О. (50) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување“,
пишува во соопштението од МВР.
Оттаму велат дека на 21 јануари годинава вработениот во канцеларијата на УЈП во Тетово ја искористил својата положба и овластување, известувајќи менаџер во казино, со што оддавал службени информации за планираните контроли во објектот.