Претходно, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поднесе жалба на решението на Основниот кривичен суд за определување куќен притвор за Асмир Јахоски, сопственикот на „Пуцко петрол“. Побара Кривичниот совет да ги преиспита фактите содржани во жалбата, како и решавачките факти врз основа на кои е донесено обжаленото решение
Мерката куќен притвор за Асмир Јахоски, сопственикот на „Пуцко петрол“ се преиначува и му се определува мерка притвор, соопштија попладнево од Кривичниот суд во Скопје.
Оттаму велат дека преиначувањето на одлуката е поради постоење опасност од бегство на осомничениот и околности што укажуваат дека тој може да влијае на сведоци и со тоа да ја попречи истрагата.

„Постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал, изјавена против решение на судија на претходна постапка против А.Ј., а поврзано со истрага за набавка на мазут во ТЕЦ ‘Неготино’, по ценење на наводите во жалбата и одговорот на жлбата донесе решение со кое мерката куќен притвор се преиначува и се определува притвор во траење од 30 деена заради постоење опасност од бегство и околности кои укажуваат дека истиот може да влијае врз сведоци и со тоа да ја попречи истрагата“,
се вели во соопштението од Кривиниот суд.
Лицето, како што информираат од судот, е обезбедено и спроведено во Истражниот затвор „Скопје“ во Шутка.
„Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд“,
информираат од судот.
Претходно, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поднесе жалба на решението на Основниот кривичен суд за определување куќен притвор за Асмир Јахоски, сопственикот на „Пуцко петрол“.
Оттаму посочија дека жалбата е поднесена откако го разгледале решението со кое не се прифатил нивниот предлог за определување на мерка притвор и на осомничениот му беше определена мерка куќен притвор и мерка на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна исправа.
„Незадоволно од ваквата одлука, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција побара Кривичниот совет да ги преиспита фактите содржани во жалбата, како и решавачките факти врз основа на кои е донесено обжаленото решение“,
се вели во соопштението од ОЈО ГОКК.
Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје во вторникот на Асмир Јахоски му определи куќен притвор откако претходно беше спроведен во судот по координираната акција на МВР и ОЈО ГОКК во врска со кривични дела за сомнителни набавки на деривати.
Случајот со сомнителни набавки на мазут се актуализираше на почетокот на неделата кога во акција координирана од Министерството за внатрешни работи (МВР) и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) на повеќе локации се вршеа претреси во врска со кривични дела за сомнителни набавки на деривати.
Во акцијата освен Јахоски беа приведени уште 10 други лица меѓу кои и Ратко Капушевски, генерален директор на фирмата РКМ за трговија со енергенти и нафтени деривати. На Капушевски и уште две други лица им беше определен 30-дневен притвор, а за останатите седум осомничени кои беа спроведени во судот, судијата го прифати предлогот на јавниот обвинител и донесе решение за определување мерки за претпазливост.