За в среда (4 септември) во скопскиот Основен кривичен суд е закажан почетокот на судскиот процес против преостанатите четворица обвинети соизвршители во случајот против кои претходно беше поднесе обвинителен акт. Почетокот на судењето против нив еднаш веќе беше закажано и требаше да започне на 30 јули, но судот го одложи за почетокот на септември откако Основното јавно обвинителство Скопје најави дека ќе бараат спојување на постапките во еден предмет
Основниот кривичен суд Скопје во целост го одобри обвинителниот акт против Љупчо Палевски-Палчо, обвинет за грабнувањата и убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски.
Обвинителниот акт против Палевски беше поднесен на 12 август и, како што информираа тогаш од Основното јавно обвинителство Скопје, тој се товари за две кривични дела убиство и две кривични дела грабнување.
„Советот за оценка на обвинителен акт, постапувајќи во оценка на обвинение против Љ.П. осомничен за две кривични дела – убиство и две кривични дела – грабнување, а поврзани со убиството на малолетната В.Ѓ. од Скопје и велешанецот П.Ж. во ноември 2023 година, донесе решение со кое Обвинителниот акт се одобрува во целост“,
соопштија денеска од Кривичен.
Инаку, за в среда (4 септември) во скопскиот Основен кривичен суд е закажан почетокот на судскиот процес против останатите четворица обвинети соизвршители во случајот, против кои претходно беше поднесен обвинителен акт.
Почетокот на судењето против нив еднаш веќе беше закажано и требаше да започне на 30 јули, но судот го одложи за почетокот на септември откако Основното јавно обвинителство Скопје најави дека ќе бараат спојување на постапките во еден предмет.
„За истиот кривично – правен настан, од претходно се обвинети четири други лица за кои е оформен предмет кој е насрочен за 04.09.2024 година, а за евентуални промени во терминот, странките и јавноста ќе бидат навремено известени“,
велат од Кривичен.
Инаку, според Обвинителството, Палевски и останатите обвинети соизвршители и помагачи заедно го испланирале грабнување на 14-годишната Вања Ѓорчевска, а целта, според Обвинителството, им била да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп.
„Обвинетите отишле до куќата на оштетениот, физички го совладале и го врзале, а потоа го ставиле во багажникот и се упатиле до местото викано ‘Рудник’ во околината на Велес, каде од користољубие и на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот со огнено оружје – пиштол со калибар 9 милиметри“,
соопштија на 12 август од Обвинителството.
Пет дена подоцна, на 27 ноември, четворицата помогнати од таткото на Вања, го грабнале девојчето во влезот од зградата каде што живее на улицата „Наум Наумовски-Борче“ во Скопје. Откако ја врзале, ја однеле во близина на местото викано Дупки во атарот на селото Бразда, каде што на свиреп начин и со умисла ја лишиле од живот.
Што се однесува до Жежовски, според Обвинителството, Палевски на 22 ноември лани заедно со уште тројца од обвинетите го грабнале велешанецот, со намера да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на Вања во Скопје.
Од Обвинителството соопштија дека бараат спојување на постапките во еден предмет бидејќи станува збор за ист вид кривични дела извршени од повеќе лица како соизвршители.
„Со оглед на тоа што во двата обвинителни акти се работи за ист вид кривични дела извршени од повеќе лица како соизвршители, меѓу нивните дејствија постои поврзаност од аспект на време, место и начин на извршување, а постојат и исти докази“,
соопштија на 12 август од Обвинителството.
За грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски покрај Палевски обвинети се Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишов. Меѓу обвинетите е и таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски, кој се товари за помагање во кривичното дело грабнување.
Палевски не беше обвинет со нив, оти истрагата против него почна подоцна бидејќи се чекаше на негова екстрадиција од Турција, каде што по бегството беше лоциран и уапсен по меѓународната потерница што по него ја распишаа македонските власти преку Интерпол.
Тој беше екстрадиран во земјава на 15 мај и веднаш спроведен во истражниот затвор „Скопје“ на издржување на мерката притвор што Судот му ја одреди во негово отсуство.
Малолетната Вања Ѓорчевска, која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, беше пронајдена мртва во близина на Скопје на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември.