Во последните 24 часа во Русија се регистрирани 17 378 нови случаи на инфекција со коронавирус, а само во Москва се има 7 584 нови заразени
Ситуацијата со ширењето на коронавирусот во Русија е тешка и забележителни се лоши тенденции, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Ситуацијата е тешка, тенденциите се повеќе лоши отколку добри“, рече Песков, додавајќи дека повторната вакцинација ќе биде неопходна кај оние луѓе чиишто антитела паднале на недоволно ниво.
Во последните 24 часа во Русија се регистрирани 17 378 нови случаи на инфекција со коронавирус, а од почетокот на пандемијата 5 334 204, објавија руските власти.
Само во Москва се регистрирани 7 584 нови заразени во последните 24 часа.
Според најавите на Министерството за здравство на Русија, наскоро во Москва ќе бидат организирани места за вакцинација на лица кои сакаат повторно да се вакцинираат со „спутник В“.
Во девет региони е најавена задолжителна вакцинација за вработените во дејностите како што се услуги и трговија, како и во државните институции.
Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин предупреди дека поради агресивниот „индиски вид“ на ковид-19, можни се повторни инфекции кај луѓе кои прележале ковид или кај вакцинирани со ниско ниво на антитела.