Станува збор за јужнокорејскиот државјанин До Квон, кој е осомничен за измама од 40 милијарди американски долари. Како што соопшти министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Филип Аџиќ на својот твитер-профил уапсеното лице е еден од најбараните бегалци од законот, ко-основач и извршен директор на „Тераформ лабс“ (Terraform Labs) со седиште во Сингапур
Црногорската полиција на аеродромот во Подговрица го упасила јужнокорејскиот државјанин До Квон кој е осомничен за предизвикување загуби од повеќе од 40 милијарди американски долари како резултат на колапсот на компанијата што ја основаше криптовалутата „Тера“.
Како што соопшти министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Филип Аџиќ на својот твитер-профил уапсеното лице е еден од најбараните бегалци од законот, ко-основач и извршен директор на „Тераформ лабс“ (Terraform Labs) со седиште во Сингапур.
Министерот Аџиќ изјави дека се чека официјална потврда на идентитетот на уапсеното лице. Тој истакна дека До Квон го бараат властите на Соединетите Американски Дрѓави, Јужна Кореја и Сингапур.
По До Квон беше издаден налог за апсење во Јужна Кореја во септември, минатата година по колапсот на криптовалутата „Тера“. Тој е осомничен за измама од 40 милијарди американски долари.
Nekadašnji “kralj kriptovaluta”, koji stoji iza gubitaka većih od 40 milijardi dolara, lišen je slobode na podgoričkom aerodromu sa falsifikovanim dokumentima, a istog potražuju Južna Koreja, SAD i Singapur.
— Filip Adzic (@filip_adzic) March 23, 2023
Čekamo zvaničnu potvrdu identiteta.
2/2
Британскиот национален сервис Би-би-си во септември минатата година објави дека обвинителите во Јужна Кореја издале налози за апсење на уште неколку лица поврзани со криптовалутата и нејзиниот сестрински токен – „Луна“.
„Системите `Тера` и `Луна` пропаднаа во мај минатата година, кога цените на двата токена паднаа на речиси нула, што го погоди поширокиот крипто пазар“,
напиша Би-би-си, додавајќи дека максималната цена на токенот била 116 долари, за потоа да падне на помалку од 0,0002 долари.
По пропаѓањето на компанијата на До Квон, светските медиуми објавија дека инвеститорите изгубиле околу 42 милијарди долари, додека некои ги загубиле животните заштеди. Како резултат на тоа, јужнокорејските власти покренаа неколку кривични постапки, потсетува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).