Кралот Чарлс кој за прв пат се обрати на нацијата за Божик како монарх говореше за тешкиот живот на граѓаните во време на кризата но и за тоа со какви тешкотии се соочуваат сите кои изгубиле некој близок мислејќи на смртта на неговата мајка, поранешната кралица Елизабета која почина годинава.
Темите за кои говореше кралот беа тешкотиите со кои се соочуваат нееднаквите, важноста на работењето за јавното добро но и поддршката за сите оние кои ги негуваат своите традиции и религија. Додека Кралот говореше, на екранот се појавуваа членови на кралското семејство, вклучувајќи ја неговата соприга, Принцот и Принцезата од Велс и нивните деца.
Интересно е што ниту Принцот Хари ниту неговата сопруга Меган не беа спомнати, а покрај нив не беше спомнат ниту Војводата од Јорк, Принцот Ендру.
Кралот Чарлс се говореше за тоа колку му фали неговата мајка, оддавајќи и признание за се што таа направила за време на нејзиното владеење.
“Божик е трогателен период за сите нас кои изгубивме блиски. Го чувствуваме нивното отсуство и се сеќаваме на нив во секоја традиција”,
вели кралот Чарлс.
Тој во говорот кажа дека сака неговата порака да биде слушната од оние луѓе на кои најмногу им е потребно.
“Би сакал да дадам признание на сите оние добри луѓе кои даваат храна илли донации, или она најскапоценото што може да се даде, нивното време, за поддршка на оние на кои им е најпотребно”,
кажа кралот Чарлс.
Од Бакингамската палата кажаа дека сите средства кои биле донирани по смртта на кралицата, биле дадени на различни хуманитарни друштва за оние кои не можеле да ги платат сметките за струја. Кралот Чарлс ги пофали и итните служби кои работат непрекинато за да ја зачуваат нацијата. Се осврна и на наставниците но и на здравственит и социјални работници.
Со пораката од Кралот, се продолжи традиција долга 90 години, откако првиот говор кој бил пренесуван на радио го направил поранешниот крал Џорџ петти во 1932. Првиот телевизиски пренос пак бил во 1957 година, а пораката ја испратила поранешната кралица Елизабета.