Осомничениот малолетник е приведен вчера на улицата „Илинденска“ во Тетово
По целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесен соодветен поднесок
Приведен е 16-годишник од Тетово поради сомнение за сторено кривично дело кражба и тешка кражба во црквата во селото Брвеница и во две џамии во Тетово, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 05.07.2026 година во 13:20 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) во Тетово лишија 16-годишник од Тетово поради сомнение дека во текот на минатиот месец сторил краби во црквата во Брвеница и во две џамии во Тетово“,
се вели во полицискиот билтен.
Како што информираат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
