Со пријавените 254 нови случаи на ковид-19, бројот на активни случаи во моментов во изнесува 1 296
Во изминатите три дена (2-4 септември) направени се 1 308 теста, а регистрирани се 254 нови случаи на ковид-19 од кои 61 е реинфекција со вирусот, информира Министерството за здравство.
Најголемиот дел од новозаразените се од Скопје – 143, Битола – 22, Охрид – 11, Куманово – 10, Тетово – 9, Кавадарци – 7, Велес – 6, Кичево и Кочани – по 5, Прилеп, Гостивар и Штип – по 4, Струмица и Гевгелија – по 3, Неготино, Ресен, Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Валандово и Крушево – по 2, Струга, Делчево, Виница и Кратово – по 1.
Регистрирани сe 412 оздравени пациенти од: Скопје – 231, Битола – 37, Куманово – 20 Охрид – 18, Прилеп – 13, Кавадарци – 10, Велес – 9, Тетово, Кочани, Струмица и Струга – по 7, Гостивар и Крива Паланка – по 6, Неготино и Богданци – по 5, Штип и Гевгелија – по 4, Крушево и Дебар – по 3, Кичево, Свети Николе и Берово – по 2, Ресен, Виница, Кратово и Пробиштип – по 1.
Во текот на изминатите три дена пријавени се четири починати лица, од Скопје (76г), Пробиштип (62г), Велес (88г) и Виница (86г), сите починати во болнички услови.
Согласно регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ нема регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2 154 094 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 340 948, бројот на оздравени пациенти е 330 153, на починати е 9 499, а бројот на активни случаи изнесува 1 296.