Мерките за заштита од ковид-19, според објаснувањата, придонесоа и за намалување на бројот на заболени од грип
Во сезоната 2020/2021 година вкупниот број заболени од сезонски грип изнесува 433. Ова претставува 73,2% помалку во споредба со истиот период лани и 86,3% помалку во однос на типичната сезонска крива, информираа од.Министерството за здравство.
Според податоците од ИЈЗ, најголем број заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението од 15 до 64 години (190 случаи), а највисоката инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0 до 4 години.
Во втората недела од 2021 година пријавени се 36 случаи на заболени од грип и заболувања слични на грип, со што се бележи зголемување од 18 случаи во однос на истата недела во 2020 година.
Заклучно со втората недела, вакцинирани се вкупно 48 406 лица против сезонски грип. Од нив, 37 870 лица се вакцинирани со бесплатна вакцина, додека пак 10 536 лица се вакцинирани со комерцијалните вакцини.
Мерките за заштита од ковид-19, според објаснувањата на Министерството за здравство, придонесоа и за намалување на бројот за заболени и на пациенти од сезонски грип. Вакцинацијата против сезонски грип, како што се посочува, е најефикасната заштита од ова заболување.