Во изминатите три дена регистрирани сe 135 оздравени пациенти
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 30.09 до 02.10.2022) направени се 976 тестови, а регистрирани се 108 нови случаи на ковид-19.
Од вкупниот број на позитивни (108), регистрирани се 30 реинфекции.
Регистрирани сe 135 оздравени пациенти од кои најголемиот дел се од Скопје.
Во текот на изминатите 3 дена (30.09 – 02.10.2022) пријавени се три починати лица. Две починати лица од Охрид на 81 и 89-годишна возраст и едно починато лице од Кратово на 72 години, сите се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2 170 602 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343 069, бројот на оздравени пациенти е 333 067, на починати е 9 537, а бројот на активни случаи изнесува 465.
Најмногу активни случаи се во Скопје и тоа 307, потоа е Битола со 33, а во десетина други градови нема ниту еден позитивен случај.