Заклучно со април, три милиони луѓе се тестирани во кинескиот град Вухан, каде што беше првото жариште на новиот коронавирус, а властите ќе настојуваат да ги тестираат сите 11 милиони жители, јави агенцијата Синхуа.
Приоритет се граѓаните кои досега не биле тестирани, жителите на станбени блокови во кои имало позитивни на коронавирус, како и старите лица и жителите на густо населените населби, објави градската администрација.
Медицинските установи соопштија дека во текот на викендот е откриена инфекција во еден кластер на граѓани во Вухан и предупредуваат на можен втор бран епидемија.
Експертите толкуваат дека најавените масовни тестирања укажуваат на сериозна загриженост од втор бран на епидемијата.
Кина пријави 82 933 случаи на ковид-19 и 4 633 починати, што наиде на критики посебно од САД дека се работи за нереални бројки, односно дека тие се многу помали од вистинските.
*Поврзана вест
Ковид-19: 4,5 милиони заболени во светот, речиси една третина се во САД