Вкупно 4 527 811 лица досега заболеле од ковид-19 во светот, од кои 303 438 починале, а 1 706 174 оздравеле, покажуваат податоците од интернет-страницата „Ворлдометерс“ која се базира на информации од Светската здравствена организација.
Во моментот има активни 2 518 199 случаи на ковид-19, од кои 98 проценти се со лесни симптоми, а 45 560 се во тешка состојба.
САД и натаму се со најголем број заболени – 1 457 593 и 86 912 смртни случаи.
Следува Шпанија со 272 646 заболени и 27 321 починати лица како последица на ковид-19.
Русија е трета земја во светот според бројот на заболени со 252 245 случаи и 2 305 починати.
Велика Британија досега пријави 233 151 заболени и 33 614 починати и е единствената земја која не го пријавува бројот на оздравени.
Во Италија бројот на случаите со ковид-19 достигна 223 096, а на починати 31 368.
На јужноамериканскиот континент Бразил е со најголем број заболени – 203 165 и 13 999 починати лица.
Во Азија, Турција има најмногу случаи на ковид-19 – 144 749 заболени и 4 007 починати.
Од континентите, Европа е прва со 1 719 231 заболени и 159 097 починати лица, по што следува Азија со 740 732 заболени и 23 629 починати, Јужна Америка со 377 660 заболени и 20 054 починати и Африка со 77 030 заболени и 2 579 смртни случаи.
Австралија и натаму е континент со најмал број случаи на ковид-19 – 8 621 и 119 починати.