Просечната возраст на жртвите во соседната земја е 64,4 години, а меѓу населението до 30-годишна возраст нема регистриран смртен случај
Во соседна Србија, меѓу досегашните 117 починати од коронавирусот, соодносот меѓу мажите и жените е два спрема еден: дури 80 од жртвите се мажи, а 37 се жени, покажуваат официјалните податоци што ги објавуваат српските власти.
Просечната возраст на жртвите е 64,4 години. Во популацијата помлада од 30 години не е регистриран ниеден смртен случај.
Најмногу, 35 од починатите, биле на возраст од 60 до 69 години. Од нив 24 се мажи и 11 жени.
Во Србија досега се регистрирани 5 994 заразени од новиот коронавирус. Од нив 637 се излекувани, а 3 853 се хоспитализирани.
*поврзана вест Вучиќ: Во Србија од вторник се отвораат занаетчиските дуќани, полицискиот час ќе почнува во 18 часот