Најмногу приеми има во ГОБ „8 Септември“
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 36 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, со што вкупниот број на лица сомнителни и потврдени на ковид-19 кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град е 482.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 9, и тоа четири пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија и по еден пациент на Институтот за ТБЦ, на ОРЛ, на Очната клиника, на Неврологија и на Гастроентерохепатологија.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало најмногу приеми – 15. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 12 болни.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 40 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 44 пациент со симптоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, на
Клиниката за очни болести 17 пациенти, а на ОРЛ 23 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 23 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 104 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 147 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 41 пациент.