Аеродром моментно е петта општина во државата според бројките на заразени. Повеќе активни случаи моментно има во Куманово (181), Тетово (169), Кочани (152) Струмица (151)
Аеродром, па Центар и Карпош моментно се општини со најголем број заразени во рамки на главниот град, за разлика од летоска кога Чаир уриваше „рекорди“ на тој план, а потоа следеа Гази Баба и повторно Аеродром, како општина во која сите изминати месеци е значително зафатена со епидемијата.
Со 107 активни случаи, според податоците од Министерството за здравство за ковид-19 за последното деноноќие, Аеродром моментно е петта општина во државата според бројките на заразени. Повеќе активни случаи моментно има во Куманово (181), Тетово (169), Кочани (152) Струмица (151).
Градот Скопје денеска е запишан во билтенот на МЗ со 681 активен случај од 6 901 од почетокот на епидемијата: Од општините кои административно припаѓаат на Скопје најмалку активни случаи во континуитет има во Шуто Оризари.
• Чаир – 57
• Гази Баба – 77
• Аеродром – 107
• Карпош – 86
• Центар – 97
• Кисела Вода – 78
• Ѓорче Петров – 52
• Бутел – 30
• Шуто Оризари – 17
• Студеничани – 9
• Сарај – 11
• Арачиново – 7
• Илинден – 28
• Сопиште – 2
• Чучер Сандево – 5
• Петровец – 7
• Зелениково – 2
• Странец – 7
• Нераспределен-2