Во последните 24 часа во ковид-центрите во Скопје имало само 5 нови приеми на пациенти. Вкупно во болниците во цела држава се лекуваат 317 пациенти, позитивни или суспектни на ковид-19, а слободни се 565 кревети, покажува денешниот извештај од Министерството за здравство.
Од хоспитализираните, 131 пациент се во ковид-центрите во Скопје. Најмногу се лекуваат на Инфективната клиника – 64, додека во Градската општа болница „8 Септември“ има 49, а на Институтот ТБЦ се лекуваат 18.
Останатите 186 пациенти, пак, се хоспитализирани во болниците во другите градови. Најмногу има во кумановската – 34 и охридската болница – 25.
Во болницата во Струга има 21 пациент, во Штип 20, Битола 17, Велес 16, Струмица 16, Прилеп 12, Кичево 7, Гостивар 5, Кавадарци 5, Тетово 4 и Кочани 4.