Во болниците во државата се лекуваат вкупно 124 пациенти со ковид-19 од кои 7 се на респиратор, соопшти Министерството за здравство.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти, со што вкупно на оваа клиника се хоспитализирани 44 пациенти. Од нив потешко болни и на кислородна поддршка се 19 пациенти, а еден пациент е на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 6 нови пациенти, со што вкупно се хоспитализирани 35 пациенти. На респираторна машина се 6, a со потешка клиничка слика се уште 10 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следи уште еден пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 15, а на домашно лекување се следат 11 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 28 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примени се 5 пациенти, хоспитализирани се вкупно 44 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 19 пациенти, 1 пациент е на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 6 нови, а вкупно хоспитализирани 35 пациенти. На респираторна машина се 6, a со потешка клиничка слика се уште 10 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следи уште 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 15, а на домашно лекување се следат 11 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 28 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.