Денешната состојба покажува дека продолжува трендот на повеќе оздравени од нови дневно регистрирани случаи со ковид-19
Четири починати лица, 135 нови случаи на ковид и 142 оздравени лица е ситуацијата со ковид -19 во земјава во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство.
Од починатите 4 лица, еден пациент е од Скопје, еден од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Кичево.
На Клиниката за инфективни болести почина пациентка на возраст од 67 години. Еден пациент на 62 години, кој вчера од Кичево бил донесен во тешка општа состојба во болницата во Битола веднаш бил упатен на Инфективната клиника Скопје, но за време на транспортот починал. Во ОБ Охрид е починат пациент на 86 годишна возраст. Во КБ Тетово е починат пациент на возраст од 72 години.
Од направени 1 259 теста во последните 24 часа регистрирани се 135 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-76, Куманово-6, Дебар-2, Штип-6, Прилеп-1, Тетово-13, Струга-7, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-10, Гевгелија-1, Македонски Брод-1, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 142 оздравени лица и тоа од: Скопје-68, Тетово, Струга и Охрид по 15, Гостивар-7, Свети Николе-6, Кратово-5, Ресен-4, Штип-3 и Прилеп, Крива Паланка, Кочани и Пробиштип по еден случај.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8 332, бројката на оздравени пациенти е 4 468, на починати е 389, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3 475. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 3952, активни 1793
• Куманово 868, активни 200
• Дебар 153, активни 91
• Штип 463, активни 181
• Прилеп 302, активни 64
• Тетово 885, активни 290
• Струга 337, активни 163
• Велес 203, активни 33
• Битола 73, активни 30
• Охрид 227, активни 119
• Кавадарци 27, активни 19
• Гостивар 240, активни 147
• Гевгелија 13, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран)
• Струмица 24, активни 16
• Крива Паланка 19, активни 8
• Радовиш 8, активни 4
• Крушево 12, активни 7
• Кочани 77, активни 12
• Пробиштип 37, активни 23
• Демир Хисар 8, активни 7
• Македонски Брод 9, активни 5
• Пехчево 6, активни 1
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 4, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 9, активни 1
• Свети Николе 120, активни 107
• Кичево 84, активни 71
• Ресен 139, активни 75
• Неготино 22, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1259 теста се преку: ИЈЗ-413, ЦЈЗ Скопје-21, Авицена-104, Биотек-118, МАНУ -140, Жан Митрев (Филип Втори) –232, Систина со PCR метода -152, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-27, КИБФС (Инфективна клиника) -52.
Досега во земјата се направени вкупно 79 392 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.