Починати се 6 лица, пет пациенти од Скопје и еден од Струга
Во последните 24 часа се направени 1 535 тестирања за ковид-19, а регистрирани се 129 нови случаи, информира министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на Фејсбук.
Нови случаи се регистрирани во:
-Скопје 45
-Куманово 7
-Дебар 1
-Штип 25
-Прилеп 4
-Тетово 9
-Струга 5
-Битола 6
-Охрид 3
-Кавадарци 1
-Гостивар 9
-Кочани 3
-Демир Хисар 1
-Делчево 1
-Свети Николе 3
-Кичево 6
Починати се 6 лица, пет пациенти од Скопје и еден од Струга.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти од:
-Скопје 60
-Куманово 7
-Штип 16
-Прилеп 1
-Тетово 12
-Велес 4
-Кавадарци 2
-Гостивар 6
-Виница 1
Досега во земјата се направени вкупно 92550 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9 797, бројката на оздравени пациенти е 5254, на починати е 451, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4 092.