Во светот досега се регистрирани речиси 31 милион заразени луѓе со ковид-19, покажуваат податоци на „Ворлдометар“.
Од нив, активни се 7,4 случаи, додека 22,6 милиони се излекувани. Бројот на смртни случаи во светски рамки, пак, досега изнесува 961 588.

Најмногу од случаите со ковид-19 досега се регистрирани во САД – речиси 7 милиони, потоа Индија 5,4 милиони и Бразил 4,5 милиони.

Во Европа, пак, повеќето земји бележат зголемување на заразата со ковид-19, и се одлучуваат да вратат дел од рестриктивните мерки.
Франција и Данска, се двете земји кои во текот на вчерашниот ден, регистрираа рекорден број на случаи.
Во Франција беа потврдени 13 498 нови случаи на коронавирусот што, како што пренесе „Ројтерс“, е уште еден дневен рекорд.
Причините на зголемувањето на бројките периодов, француските епидемиолози ја гледаат во забрзаната циркулација на вирусот и шесткратното зголемување на бројот на направен тестови кое се случи откако владата го направи тестирањето бесплатно.
И здравствените власти во Данска вчера забележале рекорд по бројот на нови случаи, но таму тој е далеку помал од Франција. Данскиот здравствен институт регистрирал 589 новозаразени, но и таму причините се гледаат во тоа што е зголемен капацитетот на тестирање.