Ниту во текот на изминатите 24 часа, ниту според регистарот на починати од ковид од „Мој термин“ не се регистрирани починати лица
Во последните 24 часа направени се 644 теста, а регистрирани се 55 нови случаи на коивд-19, од кои 15 се реинфекции со вирусот, информира Министерството за здравство.
Новозаразените по градови: Скопје– 38, Битола– 6, Куманово– 5 , Прилеп– 3, Тетово, Кавадарци и Охрид – по 1.
Регистрирани сe 55 оздравени пациенти од: Скопје – 43, Битола – 4, Куманово и Кавадарци – по 2, Тетово, Кичево, Гевгелија и Свети Николе – по 1.
Ниту во текот на изминатите 24 часа, ниту според регистарот на починати од ковид од „Мој термин“ не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2 166 201 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343 263, бројот на оздравени пациенти е 333 274, на починати е 9 542 а бројот на активни случаи изнесува 447.