Во ГОБ „8 Септември“ е излекуван 20 годишен пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот.
„Според досегашните сознанија ова е шести случај во светот, откако е започната пандемијата“,
вели за Телма, д-р Илија Здравков, спецјалист по неврологија во ГОБ „8-ми Септември“.
Во изјава за Телма, Здравков објаснува дека од респираторниот тракт, вирусот преку крвта успеал да стигне и да го нападне мозокот, предизвикувајки сериозна клиничка слика.
Веста ја сподели и министерот за здравство Венко Филипче кој порача граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита.
„Вирусот е непредвидлив. Чувајте се, почитувајте ги мерките и заштитете се“,
напиша Филипче на Фејсбук.