Во овој период, според најновиот извештај на ИЈЗ, пријавени се 74 смртни случаи од 24 града, со намалување од 20,4% во однос на минатата недела
Намалување на бројот на смртни случаи и на процентот на позитивни на коронавирус во однос на направените тестирања, а зголемен број на оздравени лица, регистрира Институтот за јавно здравје во периодот од 4 до 11 јануари.
Тестирани се вкупно 13 022 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 20,8% во однос на минатата недела.
Регистриран се 2 471 позитивен случај во 34 града во државата со зголемување од 6,1% во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.140; 46,1%), а највисока неделна инциденца од 307,6/100.000 е регистрирана во Берово. Процентот на позитивни од тестирани во споменатиот период изнесува 19.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група над 60 години (n=622, 25,2%). Голем број на заболени се регистрира и во возрасните групи од 40-49 (n=470; 19,0%), 50-59 (n=455; 18,4%), 30-39 (n=455; 18,4%) и 20-29 (n=330; 13,4%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=39; 1,6%) и 10-19 години (n=100; 4,0%).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 4 460 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е 14,8 % повеќе во споредба со минатата недела.
Во овој период, пријавени се 74 смртни случаи од 24 града, со намалување од 20,4% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 64 лица биле над 60 години, 7 лица на возраст од 50-59 години и 3 лица на возраст од 40-49 години.

Развој на ситуацијата од почетокот на епидемијата во С Македонија
Од почетокот на епидемијата во земјава, заклучно со 10.01.2021, пријавени се вкупно 86 597 случаи на COVID-19. Најголем дел се регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Гостивар, Штип и Битола, додека највисок морталитет има во Прилеп, Струга, Охрид и Крушево.
Во однос на симптоми кои се пријавени кај заболените, најчесто се регистрирани температура (68,4%), кашлица (40,0%), малаксаност (39,4%), ослабено чувство за мирис и/или вкус (27,3%), главоболка (22,2%), мускулна болка (18,3%), болка во грло (14,3%) и отежнато дишење (9,9%).
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=70.094; 80,9%), кај 15.117 или 21,6% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени од почетокот на епидемијата во земјава (n=70.094; 80,9%), пријавени се 412 (1,0% од пријавените женски лица) случаи кај бремени жени, од кои 58 биле хоспитализирани во текот на болеста. Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 119 се асимптоматски случаи.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=70.094; 80,9%), регистрирани се 3.439 (4,9%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени, кај 21 486 (30,7%) лица се присутни хронични состојби: кои 14 919 лица имаат кардиоваскуларна болест, 5 610 дијабетес, 2 843 се со хронична белодробна болест и 3 986 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 4 755 (63,2%) се присутни коморбидитети.