Со денешниот мал број на нови случаи и голем број на оздравени пациенти, бројот на активни случаи во државата речиси се преполови. Од вчерашните 2 375 падна на 1 197
Трицифрени бројки на активни случаи има единствено во Скопје (506) и во Куманово (114). Во два града во државата, пак, според официјалните статистики, не се води ниту еден активен случај
Во последните 24 часа се направени 2 755 тестирања, а регистрирани се 23 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Новите случаи се во: Скопје – 15, Куманово и Прилеп – по 2, Охрид, Струмица, Кичево и Кратово – по 1.
Регистрирани се 1 191 оздравени пациент од: Скопје – 475, Куманово – 115, Битола – 103, Охрид – 93, Тетово – 50, Прилеп и Велес – по 40, Кичево – 31, Струга-24, Свети Николе и Ресен – по 19, Гостивар и Штип – по 18, Кавадарци и Гевгелија – по 16, Струмица, Кочани, Радовиш и Делчево – по 14, Виница – 13, Крушево и Демир Хисар – по 12, Неготино – 8, Македонска Каменица – 5, Крива Паланка – 3, Валандово – 2, Пробиштип, Богданци и Кратово – по 1.
Пријавени се вкупно 10 починати лица: 5 лица од Скопје (88г, 80 г, 74 г, 66 г, 57 г) и по едно лице од Куманово (88г), Битола (63г), Кавадарци (78г), Струга (76г) и Кочани (83г). Од пријавените, 2 лица се починати во домашни, а останатите 8 во болнички услови.
Во Скопје активни се 506 случаи, Демир Капија и Дојран немаат активни случаи
Вкупната бројка на ковид-19-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155 269, бројката на оздравени пациенти е 148 664, на починати е 5 408, а бројот на активни случаи изнесува 1 197.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 68 508, Активни 506
- Куманово 8 825, Активни 114
- Прилеп 8 301, Активни 58
- Тетово 7 212, Активни 49
- Битола 6291, Активни 61
- Велес 5468, Активни 21
- Гостивар 5171, Активни 24
- Кавадарци 5 151, Активни 10
- Охрид 5 001, Активни 53
- Штип 4 959, Активни 22
- Струмица 4 110, Активни 41
- Струга 2 980, Активни 26
- Кочани 2 787, Активни 19
- Кичево 2 563, Активни 43
- Гевгелија 2 191, Активни 9
- Неготино 2183, Активни 9
- Свети Николе 1 522, Активни 10
- Ресен 1 234, Активни 12
- Крива Паланка 1 219, Активни 3
- Радовиш 1 158, Активни 34
- Берово 1 029, Активни 3
- Делчево 971, Активни 9
- Дебар 940, Активни 1
- Виница 881, Активни 21
- Пробиштип 789, Активни 4
- Валандово 666, Активни 1
- Богданци 494, Активни 2
- Крушево 490, Активни 5
- Демир Хисар 397, Активни 4
- Демир Капија 396, Активни 0
- Кратово 374, Активни 13
- Македонски Брод 359, Активни 3
- Пехчево 268, Активни 1
- Македонска Каменица 249, Активни 6
- Дојран 132, Активни 0
