Денеска е регистрирана висока бројка на починати – 22. Девет починати пациенти биле од Скопје. Најмладата жртвата била 45 години од Прилеп, а највозрасната 89 години
Во моментов активни се 9 300 случаи, од кои 4 485 се во Скопје, 704 во Прилеп, 531 во Кавадарци
Во последните 24 часа регистрирани се и 412 излекувани пациенти
Во последните 24 часа се направени 3 394 тестирања за ковид-19 од кои се регистрирани се 872 нови случаи, информираше Министерството за здравство.
Новите случаи по градови се во: Скопје – 459, Прилеп – 51, Кавадарци – 35, Куманово, Битола и Охрид – по 33, Тетово – 31, Гостивар – 28, Штип – 24, Неготино и Берово – по 15, Велес – 14, Крива Паланка – 13, Струмица и Струга – по 11, Крушево – 9, Демир Хисар – 8, Гевгелија – 7, Кочани, Радовиш и Пробиштип – по 6, Кичево, Ресен и Богданци – по 5, Свети Николе – 3, Виница, Валандово, Кратово, Демир Капија, Македонски Брод и Дојран – по 1.
Регистрирани се 412 оздравени пациенти од: Скопје – 179, Охрид – 44, Струга – 34, Прилеп – 33, Куманово – 23, Тетово – 18, Битола – 13, Струмица – по 12, Гостивар – 10, Гевгелија – 8, Велес – 6, Штип – 5, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип – по 4, Дебар и Кичево – по 3, Ресен, Виница и Кратово – по 2, и Неготино, Крушево и Богданци – по 1.
Пријавени се вкупно 22 починати лица: 9 пациенти од Скопје (66г, 69 г, 78 г, 87 г, 75 г, 80 г, 75 г, 70 г, 73 г), 4 пациенти од Прилеп (67г, 86 г, 89 г, 45 г), 2 пациенти од Гевгелија (73г, 73 г) и по 1 пациент од Тетово (72г), Велес (73г), Охрид (79г), Кочани (72г), Кичево (70г), Делчево (75г) и Струмица (70г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Активни се 9 300 случаи – Каква е состојбата по градови
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 108 350, бројката на оздравени пациенти е 95 822, на починати е 3 228, а бројот на активни случаи изнесува 9 300.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата на активни случаи по градови е следна:
- Скопје 4 485
- Куманово 355
- Прилеп 704
- Тетово 271
- Гостивар 200
- Штип 128
- Кавадарци 531
- Велес 235
- Битола 228
- Охрид 428
- Струмица 175
- Струга 152
- Кочани 109
- Кичево 43
- Неготино 318
- Гевгелија 267
- Свети Николе 25
- Крива Паланка 127
- Ресен 64
- Дебар 13
- Делчево 45
- Радовиш 20
- Берово 44
- Пробиштип 36
- Виница 23
- Валандово 25
- Крушево 83
- Богданци 66
- Кратово 24
- Демир Хисар 31
- Демир Капија 32
- Македонски Брод 6
- Македонска Каменица 2
- Пехчево 3
- Дојран 2