Починатите се на возраст од 52 до 93 години, а од нив најмногу – 8 се во Скопје. Во последното деноноќие регистрирани се и 449 излекувани лица
Во последните 24 часа се направени 1 258 тестирања, а регистрирани се 284 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство.
Новите случаи се во: Скопје – 152, Кавадарци – 29, Прилеп – 21, Кочани – 17, Штип – 10, Неготино – 7, Куманово и Охрид – по 6, Тетово и Гевгелија – по 5, Демир Капија – 4, Гостивар и Струмица – по 3, Велес, Струга, Свети Николе и Берово – по 2, Кичево, Крива Паланка, Дебар, Делчево, Пробиштип, Виница, Валандово и Кратово – по 1.
Регистрирани се 449 оздравени пациенти од: Скопје – 192, Прилеп – 38, Кавадарци – 36, Куманово – 20, Штип – 17, Струмица – 16, Велес и Богданци – по 15, Гевгелија, Гостивар и Битола – по 14, Крива Паланка – 13, Неготино и Тетово – по 11, Кочани – 6, Свети Николе – 4, Кратово – 3, Делчево и Крушево – по 2, Кичево, Пробиштип, Виница, Валандово, Ресен и Дојран – по 1.
Пријавени се вкупно 21 починато лице, на возраст од 52 – 93 години и тоа: 8 пациенти од Скопје, од Прилеп и Охрид – по 2 починати лица и по едно починато лице од Куманово, Тетово, Штип, Струмица, Струга, Кочани, Неготино, Гевгелија и Пробиштип. Сите пациенти се починати во болнички услови.
Активни се 11 457 случаи
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112 930, бројката на оздравени пациенти е 98 133, на починати е 3 340, а бројот на активни случаи изнесува 11 457.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 49 925, активни 5 646
 - Прилеп 6 122, активни 804
 - Куманово 5 989, активни 395
 - Тетово 5 795, активни 364
 - Гостивар 4 073, активни 290
 - Кавадарци 3 872, активни 607
 - Штип 3 829, активни 179
 - Велес 3 757, активни 313
 - Битола 3 710, активни 292
 - Охрид 3 583, активни 469
 - Струмица 2 921, активни 211
 - Струга 2 520, активни 175
 - Кочани 1 971, активни 140
 - Кичево 1 827, активни 53
 - Неготино 1 597, активни 384
 - Гевгелија 1 492, активни 300
 - Свети Николе 1 149, активни 40
 - Крива Паланка 962, активни 119
 - Ресен 887, активни 92
 - Дебар 805, активни 18
 - Радовиш 780, активни 39
 - Делчево 764, активни 46
 - Берово 707, активни 62
 - Пробиштип 589, активни 43
 - Виница 539, активни 22
 - Валандово 409, активни 38
 - Крушево 373, активни 109
 - Богданци 345, активни 66
 - Кратово 301, активни 24
 - Демир Хисар 300, активни 40
 - Демир Капија 286, активни 53
 - Македонски Брод 260, активни 8
 - Пехчево 196, активни 9
 - Македонска Каменица 194, активни 2
 - Дојран 101, активни 5
 
